Речиси 6.000 луѓе го напуштиле Санторини во изминатите 48 часа поради потресите што продолжуваат да го погодуваат грчкиот туристички остров, како и соседниот Аморгос, објавија во вторник грчките власти.
Околу 4.640 патници се качија на четири фериботи кои го напуштија светски познатиот вулкански остров од неделата, според податоците дадени за АФП од грчката крајбрежна стража во вторникот.
Грчкиот авиопревозник Ејџан Ерлајнс соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет биле „непланирани“.
Два ферибота треба да тргнат од Санторини во текот на денот за Пиреја, главното пристаниште во близина на Атина.