Автобус, наводно од Косово, во кој имало 28 лица, излетал од автопат во Хрватска, во близина на Загреб.
Несреќата се случила околу полноќ, на автопатот А1 кај Доња Зденчина. Во автобусот имало 26 патници и двајца возачи, кој под неразјаснети околности излетал од коловозот во каналот на тревната површина.
На местото на несреќата брзо пристигнаа полицијата, итната помош и загрепските пожарникари кои со максимална претпазливост и внимание ги изнесоа сите лица од автобусот низ возачката врата.
Покрај луѓето, од багажниот простор е изваден и багаж за да може влечната служба да ја преземе понатамошната грижа, а по истрагата. Возачот бил подложен на алкотестирање според стандардна процедура. Не е познато зошто изгубил контрола над воланот, а среќата во несреќата е што автобусот не се превртел целосно. Точната материјална штета допрва ќе се утврдува.
Косовските медиуми пишуваат дека во прашање е автобус со регистарски таблички на Косово.