Фридрих Мерц, фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот мандат на Доналд Трамп, пишува „Политико“.
Германскиот кандидат за канцелар во средата вечерта се обрати пред насобраните на митингот во Синген, истакнувајќи дека промените во американската администрација се загрижувачки.
„Ова повеќе не е Америка што ја познававме“, рече Мерц, мислејќи на големите кадровски и институционални промени во администрацијата на Трамп.
„Начинот на кој се менуваат функционерите, начинот на кој се менуваат структурите на Министерството за правда и државните обвинителства, начинот на кој масовно се делат помилувања на луѓе осудени на повеќегодишни казни – сето тоа ќе има последици за Америка“, предупреди Мерц.