Првиот борбен авион произведен во Франција, кој Париз му го подари на Киев, денеска пристигна во Украина, соопшти француската влада.
„Денеска, 6 јуни 2024 година, претседателот Емануел Макрон најави испорака на француски авиони Мираж 2000 на Украина. Првиот од нив денеска пристигна во Украина“, објави министерот за вооружени сили Себастиен Лекорну на социјалната мрежа Х.
Лекорну додаде дека украинските пилоти, кои во изминатите месеци тренираат во Франција, сега се подготвени да помогнат во одбраната на украинското небо.
Француските власти не го објавија точниот број на авиони испорачани во Украина. Лекорну во јуни нагласи дека донацијата на овие авиони „нема да ги загрози“ одбранбените способности на Франција, истакнувајќи дека моделите Мираж 2000-5 се користат и за мисиите на НАТО.
Украина веќе располага со американски авиони Ф-16, кои и беа донирани од земји како Данска и Холандија, пренесува Политико.