Кејт Мидлтон пред неколку дена го посети здружението Акција за деца, каде се сретна со мајки кои ги родиле своите деца во затвор. Сепак, фактот што Кејт не носеше веренички прстен на раката, на многу луѓе им го одвлече вниманието од самиот настан, па набрзо почнаа да се „шпекулира“ дека таа и принцот Вилијам имаат проблеми во бракот.
Набргу откако се проширија гласините, кралскиот пар ги демантираше објавувајќи заедничка фотографија на „Денот на вљубените“. Во описот на објавата ставиле само срце, а на фотографијата направена во шума Вилијам ја бакнува Кејт во образ.
„Најубавиот пар“, „Прекрасен момент, преслатка си“, „Среќен Ден на вљубените“. “Бидете толку насмеани засекогаш“, беа коментарите на нивните следбеници.
Иако многумина веднаш помислија дека има проблеми во нивниот брак, Кенсингтонската палата во 2020 година соопшти дека Кејт не го носи својот накит кога ги посетува децата за да спречи потенцијални несреќи.
Таа, исто така, неколку пати во последните месеци беше фотографирана без нејзиниот веренички прстен, кој е наследство на мајката на Вилијам, принцезата Дијана. Понекогаш таа го заменува со нејзиниот венчален прстен или некој друг прстен, за што некои шпекулираат дека е прашање на погодност. Лаура Кихна, основач на блогот The Court Jeweller, претходно коментираше на темата.
“Жените од кралското семејство ги носат своите прстени поинаку од нас. Некои, како кралицата Елизабета, ги носат своите веренички прстени речиси секој ден. Други, како што се кралицата Матилда и кралицата Мери, редовно носат други прстени наместо свршеничкиот прстен. А некои, како кралицата Летиција, не сме ги виделе со веренички прстени со години”, вели Peoplemagazine.
Да потсетиме, војвотката од Кембриџ минатиот септември објави видео во кое откри дека завршила со хемотерапија. Потоа покажа нов прстен кој го замени свршеничкиот. Откако забележале промена на накитот, фановите сугерирале дека новиот прстен би можел да биде подарок од принцот Вилијам и симболизира нов почеток по завршувањето на хемотерапијата.