Министерството за здравство издаде наредба со која се прогласи крај на епидемијата на заразната болест Ковид-19.
Како што е објавено во новиот Службен весник објавен на 14 февруари, оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во тој документ.
„Се прогласува крај на епидемијата на заразната болест КОВИД-19, епидемија од големо епидемиолошко значење – за територијата на Република Србија“, се вели во објавената наредба потпишана од министерот за здравство Златибор Лончар на 7 февруари.