Во капелата на десетиот кат на поликлиниката Гемели утрово се одржа света миса на која сослужи папата Франциско, соопшти Ватикан.
Во оваа прилика е направена првата фотографија од папата откако беше хоспитализиран на 14 февруари.
На фотографијата можете да го видите како седи одзади.
Папата беше задржан во болница поради бронхитис, којa прерасна во пневмонија. Последните денови тој постепено почна да ги извршува своите редовни активности, но во намален обем и се уште од болнички кревет.