Во понеделникот околу 21 часот во Чачак се случило двојно убиство. Според неофицијални информации од српските медиуми, 41-годишен син со нож ги убил мајката (72) и таткото (71).
„Телата се пронајдени во станот, а осомничениот е пронајден три часа подоцна во селото Сврачковци. Се претпоставува дека пеш тргнал кон Белград“, пишуваат српските медиуми од извори блиски до истрагата.
Според неофицијални информации, убиениот бил истакнат лекар од Чачак во пензија.