Германкиот Бундестаг даде зелено светло за историски пакет заеми во вредност од стотици милијарди евра за одбрана, инфраструктура и заштита на климата.
Пратениците со двотретинско мнозинство ги одобрија потребните измени на Уставот . Исходот од гласањето не беше близок, како што се предвидуваше, бидејќи 20 пратеници гласаа „за“ над минимумот.
Сепак, пред плановите за задолжување да станат реалност, тие мора да бидат потврдени од Бундесратот, советот на држави, во петок, пренесува ДПА.
Набргу по изборите во февруари, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) се согласија да ја обноват таканаречената голема, или црно-црвена коалиција.
Првото нешто што решија да го стават на маса, уште пред официјалниот почеток на преговорите за програмата на идната влада, беше финансискиот пакет.
Во новиот парламент што ќе се состане следната недела, повеќе од една третина од гласовите ќе бидат контролирани од десничарската Алтернатива за Германија и Левицата.
ЦДУ/ЦСУ и СПД сакаат да избегнат да бараат поддршка од тие две партии и затоа посегнаа до веќе практично распуштениот Бундестаг.