Сигурен судир на возови е избегнат кај Лекеник во Хрватска со насилно запирање на патничкиот воз, кој се приближувал кон товарен воз.
„Се качивме во возот во Гред и се возевме нормално. Пред Лекеник ни рекоа дека одиме кон товарен воз, и поради тоа морале да ја исклучат струјата, за да избегнеме судар. Сега стоиме сред шума и чекаме. Ни рекоа дека ќе дојде автобус да не земе, но патот е далеку од тука“, рече читател за „24 часа“.
До инцидентот дошло откако товарен воз од правец на Лекеник не застанал на станицата и поминал на црвено светло. Во тој момент по истата релација требало да помине патнички воз од правец на Гредо. За да избегнат судир, работниците го исклучиле напојувањето на патничкиот воз и на тој начин спречиле трагедија.
Сообраќајот во моментов е во прекин во двата правци, а патниците ќе се превезуваат со автобуси до завршување на истрагата.
Од Хрватски железници исто така го коментираа инцидентот:
„Денеска во 8.20 часот помеѓу станиците Лекеник и Греда, карго воз ХЖ не застанал според планираното на станицата Лекеник за да чека на премин со патнички воз кој доаѓал од правец на Греда и поминал на црвено светло на сигналниот уред. Откако виделе што се случило, вработените во ХЖ Инфраструктура навремено реагирале и ги почитувале сите безбедносни процедури, исклучувајќи го напонот на контактната мрежа и возот застанал.
Во исто време, патнички воз кој тргнал од станицата Греда во 08:17 часот сообраќал на релација Сисак Капраг – главна станица Загреб, кој исто така застанал. Железничкиот сообраќај е во прекин, а патниците на релација Туропоље – Сисак во двата правци ќе се превезуваат со автобуси до завршување на истрагата која во моментов е во тек“, велат од хрватски железници.