Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика Иран веднаш да престане да ги снабдува јеменските Хути со муниција, наведувајќи дека Хутите „во секој случај ќе изгубат“.
„Хутите нека се борат за себе. Во секој случај ќе загуби, само што на овој начин ќе загуби побрзо“, напиша Трамп на својата сметка на мрежата „Truth Social“.
Тој изјави дека, според извештаите што ги добива, Иран ја намалил општата поддршка и воената помош за Хутите.