Околу 23 часот вчера избувнал голем пожар на трафостаница во Хејс.
Според помошникот командант Пат Гулбурн рече дека ова е многу голем инцидент, а пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побрзо.
На терен биле излезени десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари.
„Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и локални бизниси. Пожарникарите евакуираа 29 лица од соседните имоти и беше воспоставен кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, ги советуваме жителите да ги држат прозорците и вратите затворени и да ја избегнуваат областа ако е можно“, додаде тој.
Според информациите повеќе од 16 илјади домови се без електрична енергија, а добавувачот „Scottish and Southern Electricity Networks“ ги повика сите кои зависат од електрична енергија за медицински потреби и имаат потреба од помош да се јават.
Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува аеродромот.
„За да ја одржиме безбедноста на нашите патници и колеги, Хитроу ќе биде затворен до 23:59 часот на 21 март“, соопшти аеродромот Хитроу на X, додавајќи дека на патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот.