Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да биде договорен целосен прекин на огнот во Украина.
Во изјавата за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи „договор“ за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.
„Во моментов има преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде“, рече Трамп, кој минатата недела разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Запрашан од новинарите дали САД ќе воведат санкции кон Русија поради продолжувањето на нападите врз Украина, Трамп одговори: „Па, тие се борат меѓу себе“.