Осудениот убиец Асмир Сулејмановиќ, кој во 2016 година убил полицаец, избегал од градилиште на новиот азатвор Бизовик кај Љубљана, пишува „Вечер“.
Сулејмановиќ во 2016 година го убил полицаецот Бранко Бајдет пред неговиот дом, и осуден е на 16 години затвор.
Поради добро однесување, му било дозволено со останатите затвореници да работи на градилиште на новиот затвор. Сулејмановиќ го искористил недостатокот на луѓе за надзор, и избегал.


Словенечката полиција објави податоци за бегалецот на своите страници.
– Полицијата трага по избеганиот затвореник, 38-годишниот Асмир Сулејмановиќ, по распишана потерница. Лицето по кое се трага е висок 190 см, со тенка градба и носи црна облека и црна капа. Полицијата интензивно ги презема сите мерки за пронаоѓање на бегалецот. Доколку го забележите веднаш известете ја полицијата на 113 – соопштија од полицијата и побараа помош од граѓаните.