Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Вечерва милиони Французи се бесни!

Press OnlinePress Onlineмарт 31, 2025 СВЕТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Марин Ле Пен, лидерката на француското Национално обединување доби забрана за кандидирање на јавни функции во траење од пет години и беше осудена на четири години затвор. Таа ја напушти судницата пред да биде прочитана пресудата на која беше прогласена за виновна во случајот на проневера.

Две од четирите години затворска казна се условни – не е јасно дали воопшто ќе отслужи затворска казна. Забраната ги уништува нејзините надежи за кандидатура на претседателските избори во 2027 година.

Марин Ле Пен на француската телевизија TF1 го обвини парискиот судија, кој претходно денес ѝ изрече осудителна пресуда, дека донел „политичка одлука“ – а судот дека се обидел да ја спречи да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

Таа тврди дека владеењето на правото е целосно прекршено.

Ле Пен вели дека судијата ѝ изрекол петгодишна забрана, но не понудил никакво објаснување за таа одлука. Таа најави дека ќе поднесе жалба „што е можно побрзо“ и тврди дека е невина.

„Вечерва милиони Французи се бесни затоа што гледаат дека во Франција, земјата на човековите права, судиите спроведуваат мерки кои се резервирани за авторитарни режими“, рече таа.

Водителот потоа ја праша Ле Пен за можноста Џордан Бардела, 29-годишниот претседател на Националното обединување, да се кандидира за претседателските избори во 2027 година наместо неа.

Ле Пен одговори дека Бардела има многу важна улога во партијата, но дека нема да дозволи да ја елиминираат на ваков начин.

„Милиони Французи веруваат во мене. Се борам за вас 30 години“, додаде таа.

Ле Пен вели дека во демократија „избирачите се тие што одлучуваат“.

„Вечерва ви кажувам, не сум деморализирана. Како и вие, јас сум шокирана, огорчена, но оваа огорченост, ова чувство на неправда, е дополнителен поттик во борбата што ја водам за гласачите“, рече таа на крајот.

Лидерите на европската крајна десница, од унгарскиот премиер Виктор Орбан до холандскиот Герт Вилдерс, ѝ изразија поддршка на својата француска сојузничка, изразувајќи шок и бес поради нејзината пресуда, која ќе ѝ ја оневозможи четвртата претседателска трка во 2027 година.

Судиите ѝ изрекоа и казна од четири години затвор, од кои две се условни, како и парична казна од 100.000 евра.

Аналитичарите сметаат дека е речиси сигурно дека Ле Пен ќе се жали на пресудата и ниту една од казните нема да биде спроведена додека не се решат жалбите. Сепак, петгодишната забрана за вршење јавни функции стапува на сила веднаш, преку таканаречената мерка „привремено извршување“, која ја побараа обвинителите, и ќе биде укината само ако жалбата биде усвоена пред изборите.

Поврзани содржини

Само што ги усвои, ЕУ подготвува нов, 18-ти пакет санкции против Русија

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

ЕУ ги укина сите санкции против Сирија

Имаше мешање од Франција и Молдавија

Зеленски ги поздрави новите санкции од Обединетото Кралство кон Русија

Илон Маск најавил повлекување од политиката?

Најнови вести

Само што ги усвои, ЕУ подготвува нов, 18-ти пакет санкции против Русија

мај 21, 2025

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

мај 21, 2025

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

мај 21, 2025

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025
СПОРТ

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.