Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Корупцијата како системски проблем и бариера за развојот

Press OnlinePress Onlineмарт 31, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: Проф д-р Јове Кекеновски

Корупцијата е сèприсутна и една од најтешките болести на општеството, во која можатда бидат вклучени државни и политички функционери, приватниот сектор и обичните граѓани. Се работи за една од најголемите пречки за економскиот развој и која го разорува институционалниот интегритет на државата. Во Република Македонија, корупцијата не е само индивидуален морален неуспех, туку системски проблем кој влијае врз економијата, правдата и квалитетот на живот. 


      Сите сме свесни дека корупцијата создава повеќеслојни проблеми во општеството, почнувајќи од намалување на довербата во институциите, намалување на странските инвестиции,  намалување на економскиот раст па се до зголемување на нееднаквоста каде богатите и моќните стануваат уште побогати, а сите останати посиромашни.  Чинот на корупција најчесто се одвива на неколку начини: Прво, подмитување – директно или индиректно плаќање за одредена противуслуга во форма на пари, подароци, услуги или вработувања. Второ, проневера на јавни средства – ненаменско или нелегално трошење на државни, општински и јавни фондови. Масовна појава е финансирање на проекти со астрономски суми без соодветна контрола. Трето,клиентелизам и непотизам – политичките партии често наградуваат поединци, групи или членови на семејствата за изборна поддршка или блиски врски со незаконски доделени тендери, разни привилегии или профитабилни вработувања. На пример, јавноста досега многу пати беше сведок на вработувања на роднини на високи функционери во јавните институции без соодветни квалификации, додека млади и квалификувани кадри се принудени да ја напуштат државата. Четврто, судир на интереси – поединци во државната администрација ја злоупотребуваат својата позиција за лични цели и интерси. Ова се случува кога функционер ќе обезбеди договори за компании во кои тој или неговото семејство имаат финансиски интерес. Петто, политичка корупција– злоупотреба на моќта за одржување или зголемување на политичкото влијание, како што е местење на избори, нелегално финансирање на кампањи на политички партииили носење закони во корист на одредени бизнис-елитикои создаваат затворен круг на неказнивост и злоупотреба и др.

      Трагедијата во Кочани откри една голема јавна тајна. Сериозни системски пропусти поврзани со корупцијата која се случувала со години наназад. Митото и корупцијата го метастазирале целиот систем до последната негова фаза на опстојување. Истрагата најверојатно ќе поврди дека корупцијата се случувала на сите ниво од локално до министерско, корупција и неодговорност речиси кај сите институции кои биле надлежни да овозможат, но и да го контролираат нормалното и законско функционирање на овој објект.

        Веднаш по трагедијата Владата на Република Македонија презеде низа мерки кои укажуваат на постоење воља, нужност и сериозност во борбата против корупцијата и злоупотребата на службените позиции. Сите кои се вклучени во трагичниот настан и свесно придонеле за загрозување на човечките животи ќе бидат изведени пред правосудните органи и ќе одговараат. Пораката беше јасна: “Никој не е над законот. Не смее да постои селективност и селективна правда”.​

        Ресетирањето на системот ќе бара комплексен пристап со заедничка работа на државата, граѓанското општество и медиумите. Но, ова е долг пат кој нема да биде лесно и брзо да се премине, а успехот зависи од конкретни и одржливи политички и институционални реформи. Македонија не може преку ноќ да стане Сингапур, Данска или Шведска во борбата против митото и корупцијата. Потребни се итни длабоки структурни реформи, кои вклучуваат пред се политичка волја, реформирање на институциите и културолошка промена во јавната свест. Се работи за конкретни и доследни чекори за зајакнување на независноста на судството и обвинителството поточно нивна деполитизација и департизација, развој на инфраструктурата за транспарентност, создавање на систем на наградување на чесноста и заслугите, промена на изборниот систем. Иако можеби е амбициозна заложбата да работиме на создавање на култ за совесно и одговорно работење, но тоа не значи дека се работи за невозможен потфат. Санкциите за рушветџиите мора да бидат високи, аграѓаните и службениците кои пријавуваат корупција мора да бидат заштитени од одмазда и др.

        На крајот би сакал да укажам дека е потребна итна целосна промена на вредносниот систем, каде што нема да биде нормално да се успева преку врски и коруптивни зделки, туку преку знаење, труд и чесност. Македонскиот пат ќе биде тежок, но доколку во наредните десетина година целосно се посветиме на овој најголем проблем и се создаде ефикасен систем на контрола и одговорност, ќе има простор за значајни подобрувања и успех на сите полиња.

Поврзани содржини

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

Арсовска му врати на Мицкоски: Сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања како функционира локалната самоуправа

Николоски од Лондон: Со шесте милијарди евра од Обединетото Кралство, Македонија ја носиме на

Меџити: Историски договор со Британија за решавање на проблемот со опасен отпад

Најнови вести

Дневен хороскоп за петок (23.05.2025)

мај 23, 2025

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

мај 23, 2025

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

мај 23, 2025

Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

мај 23, 2025

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025
СПОРТ

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

мај 23, 2025

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

мај 23, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.