Вулканска ерупција која започна во близина на главниот град на Исланд, Рејкјавик, ги натера дел од жителите на градот Гриндавик да се евакуираат.
„Предупредување, ерупцијата започна“, соопшти меторолошката служба.
Во тек е евакуација на блиската Сина лагуна и рибарскиот град Гриндавик. Досега се напуштени 40 куќи, а се очекува уште да ги напуштаат своите домови.
Исто така има информации дека стотици земјотреси ја погодиле областа.
ФОТО: Архива