Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Сашко Митовски: Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум

Press OnlinePress Onlineаприл 1, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на СДСМ:

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во денешната дебата на ТВ24 зборуваше за случајот со рудникот „Тораница” и институционалното постапување поврзано со еколошкиот инцидент и загадувањето на Крива Река со цијанид и други опасни токсични материи. 


„Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум. Мојата одлука за правење на анализите на водата се засноваше единствено врз потребата на заштита на граѓаните. Во една таква ситуација, како прв човек на општината, кога гледате дека системот и државните институции не функционираат, неопходно и неминовно беше да застанам во одбрана на моите сограѓани.”, рече Митовски, укажувајќи на несоодветното функционирање на системот и институциите.

Митовски истакна дека во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина било наведено дека се работи за технолошки води, но без соодветни анализи. Тој посочи дека во целата постапка не се земени предвид сите инспекциски методи и дека и институциите директно излегле во одбрана и заштита на рудникот Булмак 2016″.

 „Сметаме дека Државниот инспекторат е застанат директно во одбрана на приватната компанија. Поразително е за сите нас кои довербата ја црпиме од граѓаните да бидеме во функција на заштита на нечиј приватен или бизнис интерес”, додаде Митовски.

Во однос на обвиненијата кон него, рече:  „Јас бев обвинет, кога го повикав Државниот инспекторат да си ја работи работата, дека се имам ставено во функција на државен инспектор. Извинете, ама јас се ставив во функција само на заштита на граѓаните кои ми ја дале довербата.” – рече Митовски.

Градоначалникот исто така укажа и на потребата од поширока институционална реакција:

 „Самата прекршочна пријава која ја изрекува Државниот инспекторат не е решение на проблемот. Решение е поопсежна инспекциска анализа, во која ќе се наложи испитување на почвата, реката, сè што е неопходно за да биде заштитено здравјето на граѓаните.” – заклучи градоначалникот на Крива Паланка.

Поврзани содржини

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

Иванов се враќа на сцена – со Муцунски здружени за културна дипломатија, ќе го промовира македонскиот идентитет во светот

Николовски до министерот Трипуновски: Што се случува со зелената нафта и здравиот оброк за децата?

Промена во политичкиот курс: Абази ја презема Комисијата за хартии од вредност

Најнови вести

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

мај 21, 2025

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

мај 21, 2025

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

мај 21, 2025
СПОРТ

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025

Статистиката покажува колку е важен Верстапен за Ред Бул

мај 20, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.