Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Барселона ја чека пресудата: Олмо ќе биде принуден да ја заврши сезоната?

Press OnlinePress Onlineаприл 2, 2025 СПОРТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

15

Барселона со нетрпение ја чека одлуката за жалбата што ја поднесе до Високиот спортски совет (ЦСД) на 7 јануари, откако Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) не ги регистрираа Дани Олмо и Пау Виктор. Таа одлука е донесена врз основа на правилата за финансиска контрола и федералната одредба која забранува двојна регистрација на играчи во иста сезона.

Што се случува?

Се очекува ЦСД да донесе конечна одлука до понеделник, но како што претходно беше најавено, намерата е одлуката да се соопшти до недела – и најверојатно веќе во четврток по полуфиналето на Кралскиот Куп. Барселона вечерва го игра своето полуфинале. Според извори блиски до весникот „Мундо Депортиво“, клучна точка во донесувањето на одлуката ќе биде правото на работа на играчот, што би можело да пресуди во корист на жалбата на Барселона и да потврди дел од образложението за привремената мерка што ЦСД претходно ја прифати.

Во тоа време, ЦСД го оправда итно суспендирање на одлуката со тврдењето дека „непреземањето на привремена мерка ќе предизвика сериозна спортска и економска штета на клубот, а уште повеќе на самите играчи“, додавајќи дека таквиот развој на настаните може „да им наштети и на интересите на шпанската репрезентација и на целото домашно натпреварување“.

Проблеми за Олмо?

ЦСД, исто така, предупреди на можната „апсолутна правна ништовност на одлуката и постоењето на непосредна и тешко компензирана штета што би ги загрозила правата на Дани Олмо и Пау Виктор гарантирани со актуелниот Закон за спорт“, нагласувајќи дека професионалните спортисти „имаат право на кариера во согласност со нивниот потенцијал, со сите потребни законски гаранции и предвидливост“. Објаснувањето уште еднаш ја истакна важноста за шпанската репрезентација.

Доколку ЦСД ја отфрли жалбата и ја укине привремената мерка, тоа би значело дека Дани Олмо и Пау Виктор повеќе не би можеле да играат за Барселона – но и за кој било друг клуб до крајот на сезоната. Имено, според правилата на ФИФА, не би можело да се регистрираат во ниту еден клуб, освен ако поради таа специфична ситуација еднострано не би го раскинале договорот со Барселона. Во тој случај друг клуб би можел да ги регистрира надвор од преодниот рок, бидејќи се работи за играч кој со добра причина го раскинал договорот.

Втората опција, која дозволува регистрација на играч надвор од преодниот рок, доколку неговиот договор истекол природно или бил раскинат со заедничка согласност пред крајот на преодниот рок, исто така не доаѓа предвид бидејќи и двајцата биле претходно пријавени, барем привремено.

Ла Лига нема да има милост?

Големото прашање е како ЦСД би ја оправдала одлуката во корист на Барселона, со оглед на тоа што целиот случај настанал затоа што клубот не ги исполнил финансиските барања на Ла Лига до 31 декември минатата година. Ваквиот преседан може да предизвика верижна реакција – други клубови би можеле да се повикаат на случајот на Барселона за да побараат право да регистрираат свои играчи.

Ла Лига веќе во средата покажа дека нема да има милост. Во соопштението се вели дека Барселона нема право на „фер-плеј“ ослободување затоа што продажбата на ложите на идниот „Камп Ноу“, пријавена на крајот на декември, не била признаена. Токму оваа трансакција потоа и овозможи на Барселона да отвори простор за да ги регистрира двајцата играчи од 1-ви јануари.

Поврзани содржини

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

Тренерот на Челси бесен поради одлука во Шпанија: „Тоа не е нормално!“

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

Најнови вести

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

мај 21, 2025

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.