Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Кешишев: Го копавме гробот, а мислев дека бараме злато

Press OnlinePress Onlineаприл 2, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обвинетиот Влатко Кешишев денеска даде исказ на судењето за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Тој изјави дека ги познава сите обвинети, освен Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кого, како што тврди, првпат го видел во судница.

Во сведочењето, Кешишев призна дека заедно со Велибор Манев копал дупка во Велес, но мислел дека бараат злато и не бил свесен за вистинската цел.


„Слушнав како разговараа за грабнување. На почетокот мислев дека се сериозни, но потоа поминаа две години и го сфатив тоа како фантазија. Не знам точно кој беше иницијатор, но разговорот обично го започнуваше Велибор“, изјави Кешишев.

Детали за вечерта на грабнувањето

На прашања од неговиот адвокат Дејан Ефремов, Кешишев потврди дека неколку пати бил во домот на Велибор Манев, заедно со Љупчо Палевски – Палчо. На прашањето за ранецот што се гледа на снимките од камерите на куќата на Манев, Кешишев одговори дека бил тегет, но не знае што имало во него.

„Тоа беше ранец на Палчо. Тој го носеше и го стави кај мене меѓу нозе во автомобилот. Јас не гледам во туѓи работи и не сум радознал. Само ако ми каже или ако ми нареди…“

Понатаму, Кешишев опиша како разговарале за Панче Жежовски и начини како да дојдат до неговата куќа.

„Кај Велибор се задржавме околу половина час, а потоа земавме токи-воки радио станици. Тројцата тргнаа кон куќата на Панче, а мене ме оставија да го земам Кангуто. Не ми дадоа моторола за комуникација. По половина час се вратија и рекоа дека ништо не направиле“, рече Кешишев.

Тој исто така опиша дека по неуспешниот прв обид, имало и втор обид за грабнување.

„Јас седев во Кангуто и чекав. По еден час се вратија со колата на Панче. Запаливме по една цигара, а Палчо го фрли телефонот на Панче“, сведочеше Кешишев.

Целта на грабнувањето

На прашање која била целта на разговорите за грабнувањето на Панче, Кешишев одговори:

„Првично, целта беше возилото. Човек што живее сам и што нема многу пари, за да бидат полесни околностите.“

Судењето продолжува со нови сведоштва и дополнителни испрашувања од страна на обвинителството и одбраната.

Поврзани содржини

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

Ристоска бара извинување од Латас кој ја клеветел дека неовластено земала 100.000 евра

СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

Најнови вести

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

мај 21, 2025

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.