Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди Мјанмар пред речиси една недела се искачи на 3.145, објавија локалните медиуми.
Во соопштението се наведува дека 4.589 лица се повредени, додека 221 лице се водат како исчезнати, пренесе Синхуа.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала бил во близина на Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.
Земјотресот урна илјадници згради, оштети патишта и уништи мостови во неколку региони.
Локалните медиуми објавија дека бројот на загинати е многу поголем од официјалните бројки, а поради прекинот на телекомуникациите и тешко достапните области, се очекува бројките да се зголемат.
Земјотресот е почувствуван и во Бангкок, каде се урна недовршена зграда.
Потрагата по преживеани продолжува во урнатините.
Во Бангкок загинаа 22 лица, а 35 се повредени, главно поради уривање на недовршен облакодер, пренесува Танјуг.