Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мјанмар пред речиси една недела се искачи на 3.085, соопшти денеска воената хунта што ја води земјата.
Во кусото соопштение, властите соопштија дека 4.715 лица се повредени, додека 341 лице се водат како исчезнати, пренесе Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала бил во близина на Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.