Партијата „Преродба“ во Бугарија поднесе иницијатиза за гласање на недоверба на Владата во Бугарија на чело со Росен Жељасков. Иницијативата е поддржана и од партиите „Морал, единствено, чест“ (МЕЧ) и „Величина“.
Според иницијаторите, Владата на Жељасков доживеала неуспех во областа на надворешната политика.
Собраниската процедура бара да се гласа за недоверба 24 часа по завршување на расправата која заврши во средата напладне.
Партиите во владеачката коалиција вклучително и „Демократија, права и слободи“ соопштија дека ќе гласаат против пад на владата. Таков е ставот и на ПП-ДБ, како и на „ДПС-Нов Почеток“.