Европските берзански индекси денеска бележат пад, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини за повеќе од 180 земји и територии во светот, вклучувајќи царина од 20 отсто за стоки увезени од Европската унија и 10 отсто за стоки од Велика Британија.
Администрацијата на Трамп, која го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, воведе и царини од 25 отсто на увозот на сите автомобили од странско производство, пренесува CNBC.
Според американскиот претседател, тој датум „засекогаш ќе биде запаметен како ден кога американската индустрија повторно се родила“.