Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Несоодветно чување на одземените предмети и немање транспаретност во продажбата на недвижниот имот на Агенцијата за управување со одземен имот, утврдила ревизијата

Press OnlinePress Onlineаприл 3, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Несоодветно чување на одземените предмети со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот и немање транспаретност во продажбата на недвижниот имот, одземените предмети и конфискуваниот имот, утврдиле ревизорите при контролата во оваа Агенција.

Анализите на ревизорите покажува дека чувањето и складирањето на одземените предмети и моторните возила не овозможуваат заштита на истите од уништување и губење на нивната вредност и дека дел од магацинските простории и плацеви што ги користи Агенцијата веќе 14 години се користат без одлука на Владата за пренесување на правото за користење.


За одземените предмети за кои Агенцијата нема услови веднаш да ги преземе во своите магацини, не се водела евиденција со податоци за видот на движниот имот и субјектот каде тие локациски се наоѓаат, ниту пак се вршел попис на истите. Заклучно со 31 декември 2023 година во царинските испостави се наоѓале 46, а во МВР 689 моторни возила без проценета вредност.

Утврдени се и слабости во спроведувањето на годишниот попис на средствата, побарувањата и обврските, како и неусогласувања на сметководствената евиденција со фактичката состојба утврдени со пописот.

Анализата на остварените приходи од продажбата на одземниот имот и уплатените средства во Буџетот на државата реализирани од Агенцијата во период од 2011 година до 30 септември 2024 година упатуваат дека од остварените вкупни приходи во износ од 1,650 милијарди денари, во Буџетот на државата уплатени се 1,205 милијарди денари, односно уплатени се помалку средства од 445 милиони денари.

Како неискористени парични средства на депозитната сметка на Агенцијата на 31 декември 2023 година се наоѓале 40.721 илјади денари, кои не се уплатени во Буџетот на државата.

Во однос на пресметувањето и исплатата на платите кон вработените, Агенцијата не располага со целосни и комплетни досиеја од кои може да се потврди дека утврдената плата е согласно нивните квалификации и искуство предвидени со актот за систематизација. На ревизорите не им бил приложен Правилник за плати и други надоместоци од 2009 година како доказ за исплатата на плати за 26 помошно-технички лица и документација за исплата на прекувремена работа.

Ревизорите утврдиле дека дел од расходите во износ од 1.168 илјади денари се евидентирани без истите да бидат потврдени дека се во рамки на лимитите утврдени согласно Упатството за користење на службените возила на Агенцијата и одлуките на Владата во однос на определување на корисници на службен мобилен телефон и за начинот на користење и висината на износот на средствата за угостителски услуги, без да биде обезбедена комплетна документација. Ревизорите исто така утврдиле дека поради слабости во начинот на спроведување и реализација на постапките за набавка на гориво, сервисирање на возила и канцелариски материјали, набавени се стоки во износ од 695 илјади денари за кои не се спроведени соодветни постапки согласно Законот за јавни набавки.

Поврзани содржини

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

Ристоска бара извинување од Латас кој ја клеветел дека неовластено земала 100.000 евра

СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и врши кампања против нас што е навредливо за помошта што ѝ ја обезбедуваме, велат од бугарската проруска партија Преродба

Најнови вести

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.