Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Филипче: Договоривме формирање работни тела за реформската агенда

Press OnlinePress Onlineаприл 3, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска, по иницијатива на претседателот на СДСМ, Венко Филипче се одржа прва средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, на која беше разгледан предлогот за нов модел на политичка соработка насочена кон решавање на клучните прашања од интерес на граѓаните, што претседателот на СДСМ го презентираше вчера.

„Имавме добар и конструктивен состанок со премиерот. Јасно е дека до него стигна пораката, барањето на граѓаните за некаква форма на заедничка работа во сфери коишто се битни за подобрување на квалитетот на нашето живеење”, изјави Филипче по средбата.


На средбата начелно беше договорено формирање заеднички тела или работни групи кои ќе работат на спроведувањето на реформската агенда, потенцираше Филипче. Првичниот фокус ќе биде на законите поврзани со правосудството, енергетиката и стратешките проекти во здравството, кои треба да стигнат во Собранието.

„Во следниот период ќе номинирам неколку експерти од областа на правосудството и енергетиката, кои ќе се вклучат во изработката на овие законски решенија”, нагласи Филипче, додавајќи дека ова е почеток на еден процес во кој ќе треба да се разработи методологијата на соработка.

Претседателот на СДСМ истакна дека во иднина очекува и другите политички партии да се приклучат на овој модел на соработка, потенцирајќи дека „мора да испратиме порака на обединување за доброто на државата”.

На средбата, Филипче и Мицкоски разговараа и за уставните измени поврзани со евроинтеграциите, каде што, според Филипче, постојат различни позиции. 

„За ова останува да зборуваме понатаму”, рече тој.

Следен чекор по средбата треба да биде номинирање експерти во клучните области, а потоа создавање на прелиминарен модел на соработка кој би бил понуден и на останатите политички партии.

„Граѓаните треба да бидат свесни дека некој ги слуша нивните барања и дека тоа мора да биде насоката по која ќе одиме и во иднина”, порача Филипче.

Поврзани содржини

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

Ристоска бара извинување од Латас кој ја клеветел дека неовластено земала 100.000 евра

СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

Најнови вести

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

мај 21, 2025

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.