Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Додик доби забрана за влез во Германија и во Австрија

Press OnlinePress Onlineаприл 4, 2025 РЕГИОН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германската министерка за Европа и климатски прашања, Ана Луерман, во Сараево потврди дека Германија и Австрија воведоа забрана за влез на раководството на босанскиот ентитет Република Српска, вклучително и претседателот Милорад Додик, како и дека инфраструктурните проекти што беа планирани за Република Српска се замрзнати.

Во интервју за Јавниот сервис на Босна и Херцеговина (БХРТ), министерката изјави дека властите на РС водат политика што оди во сецесионистичка насока, што е директно спротивна на европските вредности.

Претходно, германската амбасада во Босна и Херцеговина соопшти дека Австрија и Германија одлучиле да преземат мерки против лидерите на Република Српска. Ова беше соопштено по средбата на министерката за надворешни работи на Австрија Беате Мајнл Рајзингер и германскиот министер Луерман во Сараево.

„Нападите на водечките политичари на Република Српска врз уставниот интегритет на Босна и Херцеговина, кои треба намерно да ја ослабат целата држава, се неприфатливи и претставуваат опасност за безбедноста и стабилноста на БиХ и на целиот регион, и го блокираат натамошниот процес на приближување со Европската унија и ја ставаат под прашање. Поради оваа причина, Австрија и Германија во договор со своите европски партнери иницираа мерки со кои ќе спречат влез на тројца одговорни политичари од Република Српска во Австрија и Германија“, беше соопштено по средбата на двајцата претставници со претседателката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кристо во Сараево.

Поврзани содржини

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување

Грција утрово ја погоди силен земјотрес

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

Патнички авион морал итно да слета

Огромен магацин се запали, жителите пријавуваат дека слушнале експлозија

Серија на земјотреси во Грција, еден од нив и на Халкидики

Најнови вести

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

мај 23, 2025

Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

мај 23, 2025

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

мај 23, 2025

Арсовска му врати на Мицкоски: Сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања како функционира локалната самоуправа

мај 23, 2025
СПОРТ

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

мај 23, 2025

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

мај 23, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.