Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

ЕКСТРЕМНО СИБИРСКИ ЛАДЕН БРАН: Во Македонија овој викенд снег од 10 до 30 cм!

Press OnlinePress Onlineаприл 4, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Уште од недела (6 април) рано наутро, па во текот на целиот ден ќе има пообилни врнежи кои најпрвин ќе бидат од дожд на ниските места (градовите) и од снег на повисоките населени места и на планините, секако и на Скијачките центри. Поради брз продор на многу ладен бран директно од Сибир, во текот на денот во недела (6 април) а особено попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градовите).

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Температурите ќе опаднат дури за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме сега, и тие ќе бидат далеку под просекот за април (дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за овој период од годината).


Покрај појавана на силен мраз, на планинските и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 15 до 20 cм снег, понекаде во овие предели снежната покривка ќе биде со висина дури и до 30 cм. Што се однесува до градовите, особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cм, локално и повеќе од 10 cм. На другите места снежната покривка ќе биде многу помала, а во Повардарието и во југоисточните предели речиси снежна покривка и нема да има.

Обилните врнежи кои ќе ги имаме се поради формирањето на секундарниот циклонски систем (поле со низок воздушен притисок) над нашиот дел од Балканот, а формирањето на овој циклон ќе го предизвика токму овој продор на многу ладен воздух директно од Сибир кон Македонија и регионот.

Поврзани содржини

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

Арсовска му врати на Мицкоски: Сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања како функционира локалната самоуправа

Николоски од Лондон: Со шесте милијарди евра од Обединетото Кралство, Македонија ја носиме на

Меџити: Историски договор со Британија за решавање на проблемот со опасен отпад

Најнови вести

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

мај 23, 2025

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

мај 23, 2025

Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

мај 23, 2025

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

мај 23, 2025
СПОРТ

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

мај 23, 2025

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

мај 23, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.