Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Кешишев тврди дека Палевски го полил со бензин „цитроенот“

Press OnlinePress Onlineаприл 4, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првообвинетиот Љупчо Палевски го испрашуваше четвртообвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште. Палевски седеше позади во судницата, а Кешишев на првата клупа и гледаше кон судијата. Кешишев беше свртен со грб кон Палевски.

Палевски најави дека ќе даде краток увод пред да ги постави сите 97 прашања. Тој рече дека ги прочитал сите 9 записници на ОЈО и ќе ги користи за да постави прашања.
Се надевам дека не е тешко кривично дело што имам сознанија кој што кажувал и кој колку лажел и бил контрадикторен сам на себе и што е причина зошто не се читани записниците на Кешишев – рече Палевски пред да почне со вкрстени прашања за Кешишев.


– Кажавте дека сте помагале во штабот со месеци, дали за тоа време сте слушнале закани, навреди, уцени од мене кон вас? Дали сте слушнале на посетители, членови, да се заканувам, навредувам или уценувам? – праша Палевски.

– Не, никогаш – рече Кешишев и додаде дека Палевски секогаш им давал на другите совет.

Кешишев негираше дека Палевски му се заканил на Велибор Манев или дека го уценил.

-Во 3 искази на ОЈО не сте споменале збор ранец, син ранец, па прашувам, кога и зошто сега се сетивте да кажувате сознанија на таа околност – праша Палевски.

– Се сетив бидејќи сите видовме на видеоснимка и не можев да го побијам тоа. Се гледаше дека го земам и го носам ранецот во гаражата – рече Кешишев.

– Каде во штабот сте виделе плав ранец? – праша Палевски.

– Не се сеќавам – рече Кешишев.

– Велибор Манев тврди дека на едно лице, преку него јас сум порачал да го уништи, цитирам, „пакетот, сѐ тоа“, откако сум во Турција, а вие сте приведен, господине Кешишев, а претресот во Десна е веќе направен. Дали ви е познато ова што го тврди Манев? – праша Палевски.

– Не ми е познато – рече Кешишев.

– Дали во периодот по приведувањето во Демир Капија, сте виделе пиштол во штабот, тоа е периодот 6 месеци пред настаните? – праша Палевски.

– Не сум видел, немало пиштол во штабот – рече Кешишев.

– Сте слушнале ли да разговарам со кого било за оружје? – праша Палевски.

– Не, колку што се сеќавам, пред мене не – рече Кешишев.

– Сте кажале на минатото рочиште дека ранецот го носеше само Палчо, па прашувам каде сум го чувал тој ранец? – праша Палевски.

– Не знам, главно ти го носеше, а не знам каде стоеше – рече Кешишев.

– Кажавте дека синиот ранец сум го носел само јас, а на снимката од ОЈО во дворот на Манев во 00.03 на 22.11.2023 што држите во раката и внесувате во куќата? – праша Палевски.

– Ми кажа да го земам ранецот од „кангито“ и да го внесам во гаражата, исто како и хартиената кеса во која беа моторолите – рече Кешишев.

– Спомнавте хартиена кеса, каде на видеото видовте дека изнесувате хартиени кеси? – праша Палевски.

– Се гледа дека првото е кеса, а второто е ранец – рече Кешишев.

– На монтираните видеа на ОЈО, презентирани на незаконски начин во судот на инсертите каде носите ранец, канистри со гориво, се гледа Палевски или Кешишев и Манев? – праша Палевски.

– Тоа што го видовме сите. Се гледам јас и Велибор, јас го извадив ранецот од „кангуто“, како што ти ми кажа – рече Кешишев.

– Кога и каде последен пат сте го виделе или носеле плавиот ранец? – праша Палевски.

– Мислам дека беше само тогаш, кога го вадам од „кангуто“ и го внесувам во гаража – рече Кешишев.

– Во месноста Дупки, го носевте ли ранецот? – праша Палевски.

– Не, јас цело време бев во „кангото“, не сум носел ранец, не сум го ни видел и не сум излегол од „кангото“ – рече Кешишев.

– На прашањето од вашиот бранител дали знаете каде се пиштолот и моторолите, вие сте одговориле „не, ранецот го носи само Палевски“, па ве прашувам што носевте на 22.11.2023? – праша Палевски.

– Ранецот го носев, но не знам што беше внатре, никогаш не проверувам – рече Кешишев.

– Зошто на прашање за пиштол од вашиот бранител, вие одговарате за ранецот? – праша Палевски, а судијата Ивица Стефановски не го дозволи прашањето.

Палевски сакаше да го преформулира прашањето. Страшевски наведе приговор, па судијата го опомена бранителот Страшевски да го почитува редот во судницата инаку ќе биде парично казнет. Страшевски рече дека реагираЛ процедурално, а судот му одреди казна од 200 евра.

Страшевски реагираше до судијата „Сакате да ме замолчите“, а судијата му реЧе дека ако продолжи ќе му ја дуплира казната.

После тоа атмосферата во судницата се смири и Палевски продолжи со прашања кон Кешишев.

– На минатото рочиште бевте прашан дали знаете каде се пиштолот и моторолите, а вие одговоривте во врска со син ранец, а не со пиштол. Па прашувам, зошто кога ќе ве прашаат за пиштол ве асоцира на плавиот ранец? – праша Палевски.

– Претпоставувам дека во ранецот е пиштолот. Да беше некаде во него, ќе се познаеше. Ако имаше пиштол до тебе, секако ќе се познаеше преку блузата – рече Кешишев.

– Во месноста Дупки, сте биле присутен, а Манев тврди дека пуштолот сум го извадил од „реното кангу“. Дали вие сте виделе такви дејствија? – праша Палевски.

Кешишев негираше.

– На прашање чии се моторолите и пиштолот сте одговориле „моторолите ги купи Палчо, а пиштолот слушнав бил на Боре“. Како знаевте и што значи тоа дека е на Боре? – праша Палевски.

– Не знам. Овде се напоменуваше многу често дека се бара пиштолот на Боре – рече Кешишев.

– Сега спомнавте дека сте слушнавте во Судот дека се бара пиштолот на Боре? Зошто мислите дека токму пиштолот на Боре се наоѓа во синиот ранец? – праша Палевски.

– Не мислев дека се наоѓа во ранецот. Цело време се споменуваше пиштолот на Боре, па претпоставив, помислив дека пиштолот што го бараат се наоѓа во ранецот – рече Кешишев.

Палевски го праша дали при претресот во штабот му биле одземени мачета од пола метар и пиштол плашливец копија од берета, но судијата го прифати приговорот на адвокатот на Кешишев, Игор Ефремов и не го дозволи прашањето.

Поврзани содржини

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

Иванов се враќа на сцена – со Муцунски здружени за културна дипломатија, ќе го промовира македонскиот идентитет во светот

Николовски до министерот Трипуновски: Што се случува со зелената нафта и здравиот оброк за децата?

Промена во политичкиот курс: Абази ја презема Комисијата за хартии од вредност

Арсовски: Не постои специјален однос на ЕУ кон Македонија, проблем е што не го менуваме Уставот

Најнови вести

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

мај 21, 2025

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

мај 21, 2025

ЕУ ги укина сите санкции против Сирија

мај 21, 2025
СПОРТ

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025

Статистиката покажува колку е важен Верстапен за Ред Бул

мај 20, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.