Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег!

Press OnlinePress Onlineаприл 4, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почнувајќи од ноќта сабота кон недела (5/6 април) директно од Сибир во нашата Македонија брзо ќе продре многу ладен воздух и истиот ќе услови формирање на секундарен циклонски систем (поле со низок воздушен притисок). Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).


Уште во недела (6 април) рано наутро од север ќе се прошируваат пообилни врнежи кои ќе бидат најпрвин од дожд на пониските места (граодивте) и од снег на повисоките места  и на планините, каде ќе се формира снежна покривка. На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20, во делови од нив  и до 30 cм снег. Овој многу ладен воздух ќе предивика во недела (6 април) особено од пладневните часови па натаму врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градовите).

Снежна покривка до понеделник (7 март) наутро ќе се формира  и во повеќе градови, во дел од градовите, особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 15 cм. На другите места таа ќе биде помала од 10 cм. Во Повардарието и во југоисточните предели не очекувам формирање на некоја си снежна покривка.

Со овој многу ладен воздух од Сибир, врнежи од снег ќе има  и во делови од Скопскиот регион, а особено во повисоките предели од котлината ќе се формира  и снежна покривка, а малку поголема снежна покривка ќе се формира на околните планини. И во Скопје  и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Овој многу ладен Сибирски воздух  ќе ги спушти температурите за 10 до 15 степени во споредба од оние кои ги имаме сега, а особено во утринските и ноќните часови ќе има појава на посилен мраз во повеќето делови од Македонија, кој особено лошо ќе се одрази врз земјоделието, а особено на овошките.

Да напоменам и предупредам дека поради тоа што се работи за брзо спуштање на овој многу ладен воздух од Сибир, ветерот кој го очекувам би можел да прави и проблеми, па токму поради ова граѓаните да бидат крајно внимателни, особено да бидат внимателни возачите и да не ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, за да не дојде до штети на истите.

Овој многу ладен Сибриски бран кај нас ќе потрае најмалку три до четири денови.

Поврзани содржини

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

Иванов се враќа на сцена – со Муцунски здружени за културна дипломатија, ќе го промовира македонскиот идентитет во светот

Николовски до министерот Трипуновски: Што се случува со зелената нафта и здравиот оброк за децата?

Најнови вести

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

мај 21, 2025

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

мај 21, 2025

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

мај 21, 2025
СПОРТ

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025

Статистиката покажува колку е важен Верстапен за Ред Бул

мај 20, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.