Во емисијата „Пастел“ на ТВ21 денеска гостуваше основачот на Модниот институт „Изет Цури“ во Скопје, Изет Цури кој најави пролетна изложба на која ќе се откријат креациите на студентите.
Изложбата ќе го носи името „Почит за Фросина Кулакова“, 22 годишна девојка која трагично го изгуби животот откако возило удри во неа.
Зборувајќи за нејзе, Цури истакна дека Фросина била страсна за модата и секогаш позитивна, а нејзиниот сон за одење во Париз останал нереализиран.
„Како девојка по мода беше страсна. Беше многу, многу страсна. Имаше 22 години. Се подготвивме да одиме со групата во Париз, требаше да дојде и таа со нас. И тоа малку нè погоди бидејќи направивме план. Таа секогаш беше насмеана. Не знаеше никому да се налути. Добро се сложуваше со сите. Можеби на Бог му требаше и ни ја одзеде. Ме трогна многу, многу… Не можам да разберам дека толку добар човек конкретно го заврши животот“, вели Цури.