Крајбрежната стража на Јужна Кореја во четвртокот на брод кој бил усидрен во Гуангжу, пронајде два тони кокаин.
Ројтерс наведува дека станува збор за најголемата заплена на дрога во земјата.
Дрогата била спакувана во 57 кутии, а акцијата започнала после дојава од американската ФБИ.
Танкерот со дрогата тргнал од Мексико, па преку Еквадор, Панама и Кина, стигнал во Јужна Кореја.