Познатиот рапер Еминем доби внук. Неговата ќерка Хејли Џејд Скот (29) роди момче, а оваа вест ја објавија на Инстаграм.
Бебето го доби името Елиот Маршал Меклинток, а Хејли ја објави и првата фотографија од момчето. Многумина се воодушевени бидејќи детето го носи средното име на неговиот дедо, со оглед на тоа дека вистинското име на Еминем е Маршал Матерс, пренесува People.
Хејли претходно зборуваше за возбудата што ја чувствува бидејќи ќе ја исполни својата улога на мајка.
“Толку е чудно да се размислува за родителството. Не можам ни да замислам. Морам да го сретнам ова суштество што го создадов. Се прашувам, како ќе изгледа? Се прашувам, каква ќе биде неговата личност? Чудно е, но супер возбудливо”, рекла таа тогаш.
Парот целата бременост ја држеше главно во тајност, а она што не се крие е колку Еминем е воодушевен што ќе стане дедо.
Иако Хејли е млада, родена е во 2001 година, нема сомнеж дека добро ќе се снајде во новата улога, а нејзиното доаѓање во животот на раперот беше „повик за будење“, како што тој еднаш истакна.
“Таа ме натера да направам нешто од мојот живот и да се обидам 10 квадрилиони пати понапорно од порано. Се што правам сега е за Хејли… Пари, тоа се за нејзиниот колеџ”, рекол тогаш тој.