17
Оскар Пјастри го заврши денот на тренинзите во пресрет на Јапонското ГП со најбрзо време во вториот тренинг на Сузука, кој беше прекинат вкупно четири пати поради различни инциденти.
Откако заврши, Австралиецот зборуваше за Ф1 ТВ и рече дека не му бил најлесниот ден, бидејќи имал проблеми со однесувањето на својот болид во првата сесија, на која заврши 15-ти. Оттогаш работите се подобрија, но Пјастри сè уште не е убеден дека Мекларен го има најбрзиот болид во Сузука, и покрај времето на тренинзите.
„Тешко е. Со делумното преасфалтирање на патеката и налетите на ветрот, беше навистина предизвик. Овде ветрот навистина влијае на рамнотежата на болидот и кога е толку жесток го немате истиот болид во два круга. Така што беше доста тежок ден. Вториот тренинг беше полн со застанувања и беше тешко да се влезе во ритам.
„Сепак, мислам дека на крајот од денот се чувствував прилично добро. Имаме уште многу за фино прилагодување на сетапот. Имаше работи со кои бев задоволен, но генерално, денес не беше најлесниот ден“.
„Тешко е да се каже дали го имаме најбрзиот болид. На првиот тренинг беше тешко да се извлече брзината од болидот, на вториот се чувствував прилично поудобно, но мислам дека и Мерцедес изгледаат многу брзи, едноставно не најдоа многу време на меките гуми. Со ваквите типови на сесии секогаш е тешко да се добие прецизно отчитување на распределбата на силата, но убедени сме дека ќе го најдеме темпото до недела. Сепак треба да погледнеме наоколу и да бидеме внимателни“, изјави Пиастри по завршувањето на вториот тренинг во Јапонија.