Социјалните медиуми се преплавени со слики трансформирани во аниме стилови, создадени благодарение на алатките за вештачка интелигенција.

И ние во ТВ21 денеска бевме креативни и еве како изгледаме презентерите на вести во стилот на Гибли.


Станува збор за јапонско филмско студио кое се прослави благодарение на неговите филмови во 1990-тите години.


Со децении анимациите се цртале рачно, со голема прецизност и долго време, а сега се потребни само неколку секунди.


Овој тренд стана популарен со неодамнешното ажурирање на Chat GPT со кој им дозволува на корисниците да конвертираат свои фотографии во разни стилови.







