Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Тензиите не престануваат по дербито, Мурињо го нарекоа „срам на турскиот фудбал“

Press OnlinePress Onlineаприл 4, 2025 СПОРТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

8

Тензиите меѓу Фенербахче и Галатасарај не завршија по уште едно драматично дерби, а сега Галатасарај излезе со остра изјава во која го осуди Жозе Мурињо.

Да потсетиме, тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот заврши во конфликт со ривалскиот тренер Окан Бурук. Во таа прилика Мурињо го фати Бурук за нос, а турскиот стручњак падна и се виткаше на подот.

Според пишувањето на турскиот весник „Милиет“, Мурињо по натпреварот им пришол на судиите и го изразил своето незадоволство од нивната арбитража, велејќи: „Лошо го судевте натпреварот“.

Окан Бурук, честитајќи им на судиите, одговори: „Не му верувајте. Добро ја менаџиравте играта. Донесовте правилни одлуки“.

Се тврди дека тогаш Бурук упатил навредлив збор кон Мурињо на англиски јазик, по што Мурињо реагирал фаќајќи го Бурук за нос.

Галатасарај сега објави соопштение за медиумите во кое го повика Мурињо да излезе и нагласи дека тој нанел „лавина штета на турскиот фудбал во последните осум месеци“.

„Штетата што е направена на турскиот фудбал од страна на тренерот на ривалскиот тим, кој пристигна со надеж дека ќе придонесе за нашиот фудбал, порасна како лавина во последните осум месеци. Жалиме што наместо да излеземе и да се извиниме во името на оваа личност позната по неговото недолично однесување, треба да одговориме на изјавата што ја исмева интелигенцијата на турската фудбалска заедница“, соопшти Галатасарај.

Фенербахче изјави дека тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, „планирал провокација за да го испровоцира Мурињо“ и додаде дека тркалањето на Бурук на подот по допирот е јасен знак дека тоа е она кон што се стремел. Тоа го коментираше Галатасарај.

„Нека не дозволи некој да го брани срамниот напад на спортот кој се случи пред очите на светот само за тренерот да не добие вистинска санкција. Со тага ја набљудуваме мизерната состојба на оние кои до вчера се обидуваа да ни даваат морални лекции. Повторуваме, уште еднаш се срамиме од нив и од турскиот фудбал“, заклучуваат во острата изјава од Галатасарај.

Поради оваа постапка Мурињо доби црвен картон, а најверојатно ќе добие жестока казна.

Поврзани содржини

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

Тренерот на Челси бесен поради одлука во Шпанија: „Тоа не е нормално!“

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

Најнови вести

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

мај 21, 2025

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.