Бројот на загинати во руски напад со дронови во Харков порасна на четири лица, додека најмалку 35 се ранети, соопшти Олег Синегубов шеф на полицијата во Харков.
Погодена е повеќестамбена зграда во округот Новобаварски, а избил и пожар.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рече дека противоздушната одбрана одбил напад на дрон кој летал кон рускиот главен град. Собјанин напиша дека итните служби работат на местото каде што паднаа остатоците.
Порано е објавено дека трите аеродроми Внуково, Домодедово и Жуковски прекинале со работа.
Противвоздушната одбрана во ткеот на ноќта пресретна и уништи 107 украински дронови над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Жахливі кадри з м. Харків 💔
росія продовжувати завдавати ударів по мирним мешканцям.
📢 https://t.co/GLExONwd4u pic.twitter.com/m8YUR9W0DA
— Анатолій Штефан (Штірліц) (@Shtirlitz53) April 4, 2025