Американските медиуми јавуваат дека голем дел од стоките увезени во САД од остатокот од светот почнале да се оданочуваат со дополнителна царина од 10 отсто.
Со ова, како што пишуваат, се создава невидена ситуација во светската трговија, чие влијание допрва ќе се чувствува во наредните денови.
Оваа универзална минимална стапка од 10 проценти, од која одредени производи се ослободени, американската царина ќе ја наплати покрај постојните царини.
„Денеска стапи на сила 10 отсто „основна“ тарифа што ги погоди повеќето американски увози, освен за стоките од Мексико и Канада, додека десетици економии се соочуваат со уште повисоки стапки од 9 април“, велат тие.