Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

ФФМ ја казни Шкендија за нечовечкото скандирање во Тетово, пет натпревари без публика и 5000 евра поради лоша организација

Press OnlinePress Onlineаприл 5, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Фудбалската федерација на Македонија ја казни Шкендија поради нечовечкото однесување на нејзините навивачи на натпреварот со Брера. Одредена група навивачи на Шкендија делеа свирежи и не ја испочитуваа минутата молк која беше дадена во чест на трагично загинатите млади лица во Кочани, па откако беше креирана една ужасна и срамна сцена во мак-фудбалот, ФФМ експресно најави дека ќе има жестока реакција.

Фудбалската Федерација ја информираше јавноста дека Шкендија добива двојна казна. Ќе играат пет натпревари без публика, ќе бидат казнети со 5000 евра поради лошата организација, а суспензија од шест месеци му е изречена и на делегатот на натпреварот кој се одигра во Тетово.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:


„Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи.

ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.

Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.

Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи“, се вели во соопштението на ФФМ.

Поврзани содржини

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

Иванов се враќа на сцена – со Муцунски здружени за културна дипломатија, ќе го промовира македонскиот идентитет во светот

Николовски до министерот Трипуновски: Што се случува со зелената нафта и здравиот оброк за децата?

Најнови вести

Само што ги усвои, ЕУ подготвува нов, 18-ти пакет санкции против Русија

мај 21, 2025

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

мај 21, 2025

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

мај 21, 2025

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025
СПОРТ

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.