Грчката полиција при акција во саботата во атинскиот затвор пронајде пиштол и куршуми.
Според информациите, уапсени се 20 лица кои планирале бегство од затворот и сакале како заложник да земат затворски службеник
Од грчката полиција соопштија дека истрагата ја спровела Дирекцијата за борба против организиран криминал во затворот Коридалос во Атина, уапсени се 20 затвореници, а пронајденото оружје е испратено до Одделот за криминалистички истраги за лабораториско испитување.
Грчките медиуми пишуваат дека уапсените се Грци, Албанци и Турци и планирале бегство од затворот, а акцијата на полицијата била по добиени информации.