Од прес-службата на Ватикан соопштија дека постепеното бавно закрепнување на папата Франциск продолжува откако пред повеќе од две недели ја напушти римската болница Џемели, каде што се лекуваше од пневмонија.
Процесот на закрепнување продолжува, а папата е во добро расположение, пренесува Vatican News.
Како што е наведено, тој прима терапија и ги извршува работните активности, телефонските разговори, а добива и црковна документација. Остатокот од времето папата го поминува во одмор и молитва.