Во несреќа поради истекување гас во рудник за јаглен на северот на Иран, загинаа седум рудари, од кои тројца Авганистанци, објавија денеска иранските државни медиуми.
Во извештајот на официјалната новинска агенција ИРНА, се наведува дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан наредил истрага за овој инцидент што се случил во рудник во близина на градот Дамган, на околу 270 километри северозападно од Техеран, пренесува АП.
ИРНА пренесува дека се верува дека се занемарени безбедносните мерки и потсетува дека во Иран, во индустриски несреќи, годишно умираат околу 700 работници.