Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

ХЕРА ја одбележа својата 25-годишна борба, љубов и визија за поправедно општество

Press OnlinePress Onlineаприл 8, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Здружение ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, вчера заедно со повеќе од 200 пријатели, партнери и членови одбележа 25 години постоење – 25 години во кои гради поправедно, похумано и поздраво општество, секогаш на страната на достоинството, изборот и еднаквоста.


Од скромна иницијатива до национален и регионален лидер, ХЕРА остана доследна на својата мисија: да ги слуша тивките гласови, да отвора простори за доверба и да ја носи промената таму каде што е најпотребна.

Прва која обезбеди поддршка за луѓето што живеат со ХИВ. Прва зборуваше за сеопфатна сексуална едукација. Создаде безбедни простори за младите, жените и маргинализираните групи.

Оваа годишнина е повеќе од бројка – таа е сведоштво за истрајноста, визијата и заедништвото на стотици активисти, волонтери, партнери и пријатели.

Со благодарност кон сите што чекореа заедно, ХЕРА ја продолжува борбата со иста енергија и посветеност. Затоа што нашето општество сè уште има потреба од организации кои не се плашат да зборуваат гласно, кои во секој поединец гледаат човек – а не статистика.

На одбележувањето се обрати и глобалниот директор на ИППФ, д-р Алваро Бермехо кој истакна „Пред 25 години, ако вие бевте лице што живее со ХИВ, имавте два избора, да се мобилизирате или да умрете. Денес, многу работи се променети, најмногу затоа што храбри млади луѓе, како оние што ја основаа ХЕРА пред 25 години, се организираа, се здружија со научници, јавни и приватни институции за да ја запрат епидемијата. Но, ХЕРА не застана тука – ја прошири својата работа за да обезбеди младите луѓе да имаат пристап до сеопфатно сексуално образование, до контрацепција и до безбеден абортус. Сè со цел секој да може да одлучува за своето тело и својот живот… Денес стоиме на крстопат, со моќни сили кои сакаат да ги поништат тие победи, кои сакаат да ги држат младите луѓе во незнаење. Но, знаеме како да одговориме. Како што направивме и пред 25 години – со љубов, организирање и храброст. Ќе им се спротивставиме и ќе победиме. Нека ХЕРА остане светилникот што нè потсетува на патот. И нека целата ИППФ има чест да чекори со вас на тој пат”.

На Бојан Јовановски, кој беше извршен директор на ХЕРА од 2008 до 2023 г., на настанот му беше доделено признанието за визионерско лидерство и трајни вредности, за белегот кој го остави во градењето на ХЕРА.Човек кој со јасна цел, непоколеблива посветеност и големо срце, ја водеше организацијата низ предизвиците на времето и преку неговиот личен и професионален интегритет, преку вредностите кои не само што ги застапуваше, туку и ги живееше, Јовановски инспирира генерации активисти и професионалци во граѓанскиот сектор.

Поврзани содржини

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

Иванов се враќа на сцена – со Муцунски здружени за културна дипломатија, ќе го промовира македонскиот идентитет во светот

Николовски до министерот Трипуновски: Што се случува со зелената нафта и здравиот оброк за децата?

Промена во политичкиот курс: Абази ја презема Комисијата за хартии од вредност

Најнови вести

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

мај 21, 2025

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

мај 21, 2025

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

мај 21, 2025
СПОРТ

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025

Статистиката покажува колку е важен Верстапен за Ред Бул

мај 20, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.