Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Белингем за поразот од Арсенал: Имавме среќа што примивме само три гола

Press OnlinePress Onlineаприл 9, 2025 СПОРТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

31

Реал Мадрид претрпе тежок пораз од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Тие ќе имаат шанса да го надополнат изгубеното на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, но следната недела ќе мора да анулираат негатива од три гола. Мисијата не е невозможна, но е на долната граница на веројатност.

„Топџиите“ прикажаа маестрален настап на овој меч. Без вистински напаѓач, тие успеаја да исфрлат еден од најдобрите тимови во светот и да направат голем чекор кон нивното прво полуфинале во Лигата на шампионите од 2009 година. Арсенал сè уште е во потрага по својот прв трофеј во ЛШ во историјата, а убедливата победа над „кралскиот клуб“ им носи огромна доза на самодоверба што може да ги носи кон таа цел.

Џуд Белингем беше видно потресен по мечот, а во разговор со новинарите ги сподели впечатоците од натпреварот, како и им честиташе на противниците за маестралниот настап.

„Имаа добар план за натпреварот. Направија одлична работа со анализирањето на нашата игра, како ќе ја нападнеме топката. Тоа им овозможи да преземаат многу повеќе ризици, особено кога топката беше на страна. Секоја чест за нив, одиграа одлично. И без да се погледнат слободните удари, кои ретко се постигнуваат, имаа многу шанси кои можеа да ги искористат и дополнително да не казнат… Имавме среќа што примивме само три гола“, истакна 21-годишниот фудбалер.

Реал одигра добро прво полувреме, но во второто не личеше на себе. Примија три гола во еден период од играта, што е втор пат во последните три натпревари.

„Шокирани не е вистинскиот збор, повеќе сме разочарани од себе. Нема оправдувања, мора да се погледнеме во огледало. Вакво нешто се случува цела сезона, само на многу повисоко ниво. Ќе ни треба нешто посебно за да ја свртиме оваа ситуација. За среќа, овие работи можат да се случат во фудбалот, а ако има едно место каде може да се случи, тоа е на нашиот стадион“, порача Белингем.

Англискиот репрезентативец сепак верува во пресврт. Свесен е дека Мадрид се тие кои знаат да се извлечат од вакви ситуации и се надева дека среќата повторно ќе биде на нивна страна.

„Мораме да бидеме скромни, искрени и да се надеваме на подобар настап на следниот натпревар. Историјата докажа дека се е можно. Постигнавме многу голови на натпреварите, во нашиот речник нема збор за предавање. На наш терен ќе мора да имаме многу подобра реакција отколку на овој натпревар ако сакаме да се надеваме на победа”, заклучи играчот од средниот ред на Реал.

Реваншот е закажан за среда на 16 април, а големата битка во Мадрид ќе започне во 21 часот.

Поврзани содржини

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

Протекоа информации за тоа каде Модриќ треба да ја продолжи кариерата

„Само уште 900 години“ – По освоената титула на Тотенхем во Лига Европа, Тери ги потсети колку се далеку од Челзи

🎥 РЕАЛ НАПИША САМО ЕДЕН ЗБОР ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА МОДРИЌ: Мадридскиот клуб објави видео кое зборува повеќе од милион зборови!

Најнови вести

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

мај 23, 2025

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

мај 23, 2025

Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

мај 23, 2025

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

мај 23, 2025
СПОРТ

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

мај 23, 2025

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

мај 23, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.