Швајцарија го пријави првиот случај на нова варијанта на мајмунска сипаница Клејд 1б. Поединецот е изолиран, соопшти денеска Федералниот институт за јавно здравје.
Официјалните лица објавија дека заразеното лице е патник кој се враќал од Африка и дека нема опасност од ширење на инфекцијата во околната заедница, објави Свисинфо.
Светската здравствена организација соопшти дека Клејд 1б е позаразен и поопасен од претходните варијанти на мајмунска сипаница.