Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ги повика сите ученици и студенти да се вратат на наставата и истакна дека тоа ќе биде едно од суштинските барања на големиот народен собир в сабота на 12 април.
Во видеото објавено на Инстаграм профилот, Вучиќ истакна дека сите одговорни за насилството во земјата ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Како што рече, деновиве целата јавност беше информирана како изгледаат познатите пленуми.
„Дека зборуваат за извршување на тешки кривични дела. Видовме дека платформата за спроведување насилство во Србија, нивните медиуми ги повикуваат луѓето на насилство доколку нема власт по нивна волја, без разлика што немаат мнозинство, без разлика што ништо не би било во согласност со законот“, рече Вучиќ.