Две деца загинаа при уривање на станбена зграда во селото Новополтавка во Запорожје на југот на Украина, а четири лица се повредени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.
Во соопштението се наведува дека се урнале два влеза на двокатна станбена зграда и дека спасувачите на руското Министерство за вонредни ситуации од урнатините извлекле тела на две деца, пренесе Тасс.
Поради уривањето на зградата целосно се уништени шест стана, а оштетени се уште два. Спасувачите ја продолжуваат потрагата, а во операцијата се вклучени 50 лица.
ФОТО: Архива