Кина не сака трговска војна со САД, но ќе биде принудена да се вклучи во борбата доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да ги ескалира трговските тензии, соопшти денеска нејзиното Министерство за трговија.
„Нема победници во трговската војна“, се вели во соопштението.
Трамп воведе царини од 104 отсто за Кина, а Пекинг го нарече потегот уцена и најави одговор.
„САД ги користат тарифите како алатка за создавање максимален притисок за себични цели – тоа се класичен унилатерализам, протекционизам и економска злоупотреба“, рече портпаролот на Министерството за трговија.