Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, утре учество на министерот Муцунски

Press OnlinePress Onlineаприл 9, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи од денеска до сабота ќе биде домаќин на јубилејниот десетти Економски форум, на кој најавени се над 1.000 говорници од 55 земји, меѓу кои и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој утре ќе учествува на панел-дискусија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Економскиот форум во Делфи, како и секоја година на едно место ќе собере политичари, претставници на влади, академци, истакнати личности од повеќе области, кои ќе дискутираат на низа актуелни теми.


Министерот Муцунски утре попладне ќе учествува на панел за односите меѓу САД и ЕУ.

Минатата среда, на прес-конференција во Атина, претседателот и потпретседателот на Делфи форумот, Симеон Цомокос и Јанис Томатис ги презентираа деталите за годишната конференција, како и централните теми на кои ќе се фокусираат дискусиите, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина посочија дека и оваа година нема да изостане Балканот, но не само од аспект на проширувањето на Европската Унија, туку и од аспект на енергетиката.

Како што објасни Цомокос, за проширувањето на ЕУ со земјите од Балканот се очекува да говори шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, но и да се одржи посебна панел-дискусија во организација на Фондацијата за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП, а дополнително, планирани се дискусии и за енергетските теми што се однесуваат на регионот. 

Освен официјалниот дел и панел дискусиите, планирано е да се одржат и две затворени дебати, едната посветен на Блискиот Исток, другата на Балканот.

Министерот Муцунски е меѓу десетте шефови на дипломатии што ќе бидат дел од форумот, а потврдено е учеството на министри од регионот, Европа и светот. 

Вкупно ќе земат учество 1.018 говорници, од кои 617 се од Грција, а останатите од странство. 

На свеченото отворање на форумот, закажано за денеска напладне, ќе се обратат претседателот на Грција, Константинос Тасулас, претседателот на Бугарија, Румен Радев и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман. 

Од Грција, освен шефот на државата, под чие покровителство е форумот, во Делфи ќе биде и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, голем број министри од Владата, како и лидери на опозициските партии.

Според организаторите, форумот ќе опфати повеќе теми како што се: геополитичката и меѓународната безбедност, светската економија, климатските промени, технологијата, како и граѓаните и општеството.

Делфи економскиот форум, што оваа година е десетти и јубилеен, е независна, непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница, а целта е да се прикаже реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените прашања, како и да се промовираат иновативни идеи за одржлив и конкурентен раст за Европа и поширокиот регион на Источен Медитеран.

За министерот Муцунски, економскиот форум во Делфи, ќе биде и негова прва посета на Грција од политички аспект, со оглед на тоа што пред две седмици беше во Солун, меѓутоа за да ги посети повредните во трагичниот пожар во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници. 

Поврзани содржини

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

Ристоска бара извинување од Латас кој ја клеветел дека неовластено земала 100.000 евра

СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и врши кампања против нас што е навредливо за помошта што ѝ ја обезбедуваме, велат од бугарската проруска партија Преродба

Најнови вести

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.