Во трагедијата во Санта Доминго во Доминиканската Република, загинаа и неколку познати личности. Бројот на загинати се искачи на 184 лица.
Според весникот „Диарио Либре“, меѓу жртвите се и Едуардо Естрела Круз, син на министер и неговата сопруга Александра Грулон, која е и сестра на познат менаџер за фондови.
Во урнатините загинаа и двајцата поранешни бејзбол професионални играчи Октавио Дотел и Тони Бланко, кои играа во американската професионална лига МЛБ.
Во земјата е прогласена тридневна национална жалост.
Причината за падот на покривот останува непозната, но според властите, дискотеката била многу стара.